Ел Чека со нови прислушувани разговори од функционери на ДУИ

167

Разговорите се водат главно помеѓу Али Ахмети со Талат Џафери, Блерим Беџети и Муса Џафери, но и други разговори за различни случаи.

Објавувањето на прислушувани разговори од Ел Чека доаѓа четири дена откако кичевскиот суд го осуди на една условна година затвор, доколку во наредните две години не стори ново кривично дело. Ел Чека претходно најави дека во мај може да се врати во Македонија, што значи и активирање на судската одлука за издржување на казната. Адвокат на Чека најави жалба до Апелациониот суд.