„Ел Чапо“ на доживотен затвор во САД

71

Поранешниот мексикански крал на дрогата Хоаким Гузман „Ел Чапо“ (62) ќе го мине остатокот од животот во затвор.

Судијата Брајан Коган во федерален суд во Њујорк го осуди Гузман на доживотна казна затвор плус 30 години. Тој е осуден за криумчарење тони кокаин, хероин и марихуана како лидер на познатиот картел Синалоа.

За првиот човек на една од најнасилните и најголеми насилни групи кои се занимавање со препродавање дрога, обвинителството се произнесе дека „Ел Чапо“ бил инволвиран и во неколку заговори за убиства.

Гузман беше конечно фатен во 2016-та, по две бегства од затвори со максимално обезбедување во Мексико. Беше екстрадиран во САД во јануари 2017-ма за да биде изведен пред суд во Њујорк.

„Ел Чапо“ ја стекна славата во 1980-тите, кога имаше стратегија на копање подземни тунели меѓу САД и Мексико, што му овозможуваа да криумчари големо количество на дрога, многу побрзо од конкуренцијата.