Ел Салвадор ги затвори границите со ниту еден случај на ковид-19

23

Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, ги затвори целосно границите на својата земја, пред во неа да биде потврден и првиот случај на коронавирус.

Букеле, кој е внук на палестински емигрант, независен претседателски кандидат и аутсајдер, кој победи на изборите за шеф на државата, истовремено е и поддржан и жестоко критикуван поради своите одлуки на почетокот на кризата со новиот коронавирус.

Додека едни се согласуваат со преземениот одличен чекор со цел да ја спаси земјата од епидемија на ковид-19, други го критикуваат и го нарекуваат самоволен владател кој го прекршува Уставот на сопствената држава.

„Букеле преку социјалните мрежи се пресметува со своите политички противници, вклучувајќи ги и новинарите. Постојано е незадоволен од Парламентот, кој е под контрола на две традиционални партии, и нема трепение да слуша критики. Ги напаѓа институциите кои го спречуваат, забавуваат или ограничуваат неговото делување “ објаснува Геф Тејл, претседател на американската канцеларија во Латинска Америка.

Претседателот на Ел Салвадор има два милиона следачи на Твитер, а анкетите често покажуваат дека е поддржан од речиси 90 отсто испитаници.

Извор: МИА