Еликсир со коприва за прочистување и јакнење на крвта

247

Копривата е најдобро растение за чистење и подобрување на крвта.

Позитивно влијае на тироидната жлезда и помага во намалувањето на шеќерот во крвта. Копривата ги лечи сите воспаленија на уринарниот тракт и ја стимулира работата на цревата.

Состојки:

  • 3 јаболка
  • 1 мало цвекло
  • Остатоци од брокули-стебленцата
  • 3 гранчиња коприви, со многу млади листови
  • половина лимон

Приготвување
Измијте ги, и ако е потребно, излупете ги јаболката и цвеклото и исечкајте ги заедно со брокулата да може полесно да се иситнат во соковник. Копривите нема потреба да ги сечкате на помали делови, ниту да ги барите листовите, туку само ставете ги во соковникот.

Внимавајте да не се изжуркате. Исцедете сок, измешајте го со неметална лажица и уживајте.