Јамајканската атлетичарка Елејн Томсон Хера е олимписка шампионка на 100 метри. Иако нејзината сонародничка Шели-Ен Фрејзер Прајс важеше за фаворитка за златниот медал во Токио, Хера успеа да ја победи со нов олимписки рекорд.

Со истрчани 10,61 секунди, Томсон Хера влезе во историјата и успеа да го освои златото на оваа трка. Веднаш зад неa заврши Фрејзер Прајс со задоцнување од 0,13 секунди, додека третата беше уштеедна Јамајканка, Џексон со две стотинки зад Прајс.

Досега, Томсон Хера има две злата од Рио во 2016 година, победувајќи на 100 и 200 метри. Откако успеа да го одбрани златото на 100, пред Томсон Хера е шанса да ги обедини двете најсјајни одличја и со трката на 200 метри, во која одново најголема ривалка ќе и биде Прајс.

Полска е сензационален победник на мешаната штафета 4×400 метри. Залевски, Качмарек, Залевски и Душински истрчаа 3:09.87 минути и испишаа историја за полската атлетика. Доминиканската Република. Беше втора со време 3:10.21 минути, а главните фаворити Американците Елис, Норвуд, Витни и Стјуарт со резултат 3:10.22 минути се закитија со бронзен медач.