Елена Ристеска е “Дама на годината“

200

Македонска пејачка Елена Ристеска пред некој ден во Србија ја доби наградата „Дама на годината“. Во образложение пишува дека тоа е поради постигнувања во работата. Манифестацијата на која Елена е прогласена за дама се одржа во српската туристичка мека Врњачка Бања. Својата радост Елена ја сподели и со своите фанови: „Благодарам за наградата “Дама на годината” за регионот- за работа, придонес и креативност. Иако повеќе ми значеа коментарите на луѓето за мојата работа и глас, чест ми беше вечерва да бидам помеѓу сите овие успешни и хумани дами. После 17 години во музиката и пред прагот на еден сосема нов бизнис-основање на мој бренд за козметика, наградата ќе ја сметам за поттик за уште поголема борбеност во овој “машки” свет, како самостојна и независна жена“….