Елена Миленковска кажа “ДА“!

310

Само пред неколку минути нашата популарна пејачка Елена Миленковска која сега живее и работи во Белград, кажа ДА на својата љубов, момчето Александар Гуте Маринковиќ. Убавата вест нашата горда мома Македонка ја сподели со своите роднини и пријатели преку Инстаграм.

Инаку, двајцата се запознале во шоуто “Звезде Гранда“, па од тогаш се нераздвојни. Сега и официјално стануваат маж и жена, а ние допрва очекуваме уште нови (по)убави вести, да станат и родители со многу слатки дечиња.