Елена Велевска и со говорот на телото објасни зошто се разведе

5200

Згодната пејачка со засилено темпо работи на нови песни меѓу кои е и песната “Говорот на телото“, која постига огромна слушаност, а за ВЕЧЕР, во врска со разводот, истакна дека секој си има право на свое мислење, па така има и нејзиниот поранешен сопруг, нека делата зборуваат

Популарната македонска пејачка Елена Велевска овој пат навистина се разведе од сопругот Марјан иако ВЕЧЕР пред неколку дена го постави прашањето: Дали е тоа точно? А, еве, се покажа дека е точно, најточно! Но пејачката не падна во депресија, дури ниту од кариерата не се откажа, а на коментарите на својот сега веќе поранешен сопруг, таа за ВЕЧЕР вели:

-Нека е тој жив и здрав. Делата зборуваат. Секој си има право на свое мислење. Негово е што ќе каже. Јас немам потреба да се докажувам ниту да се правдам. Вистината кога тогаш ќе излезе на површина. Во меѓувреме згодната пејачка со засилено темпо работи на нови песни меѓу кои е и песната “Говорот на телото“, која постига огромна слушаност.

И не само тоа. Велевска изгледа подобро од кога и да е, што за некои кои ги коментираа нејзините фотографии, беше добар повод да речат дека можеби разводот ѝ годи, а не дека ја разочарува. Пејачката, очигледно има осет за шоу бизнисот, не за џабе изјави дека во професијата одлично ѝ оди. А, кога кариерата е во прашање, освен со песните Елена воодушеви и со сликите на кои ја покажа целата своја природна македонска женска убавина. Се согласувате ли со оваа наша популарна фолк-пејачка?   Д.М. фото:ФБ