ЕК предлага да се прекинат летовите од јужна Африка и свикува итни состаноци

74

Европската комисија денеска им предложи на земјите од ЕУ да ги прекинат летовите од и кон јужна Африка, каде што е откриена нова и веројатно опасна варијанта на коронавирусот.

– Подоцна денеска претседателот на Европската комисија свикува состанок со експерти, додаде портпарол на Комисијата.

До крајот на денот, ЕК ќе претстави предлози за конкретни мерки за спречување на новиот сој на вирусот да се прошири во Европа, додаде портпаролот. Тој препорача земјите да бидат многу внимателни, додавајќи дека државите имаат можност да воведат забрана за летови од регион доколку сметаат дека заканата за јавното здравје се зголемува.