ЕК најави воведување на зеднички европски број за помош на жените жртви на насилство

72

По повод 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, Европската комисија најави воведување на заеднички европски телефонски број за помош на жените жртви на насилство.

Жените жртви на насилство ќе можат да се јават на бројот 116 016 за совет и поддршка, а бројот работи во земјите членки на ЕУ.

Европската комисија и високиот претставник Жозеп Борел објавија дека секоја трета жена во ЕУ и во светот доживеала физичко или сексуално насилство.

„Насилството врз жените се случува во сите земји. Фактите се шокантни: во ЕУ и во светот, секоја трета жена доживеала физичко или сексуално насилство. Денес, секоја петта млада девојка е жртва на сексуална злоупотреба. Насилството на Интернет е во пораст, а секоја втора млада жена доживува родово базирано сајбер насилство“, соопшти ЕК.

ЕУ ги осудува сите форми на насилство врз жените и девојчињата. Во 21 век, неприфатливо е жените и девојките да продолжат да бидат жртви на злоупотреба, малтретирање, силување, осакатување или принуден брак. Нашите амбиции да ставиме крај на насилството врз жените во и надвор од ЕУ. ЕУ се солидаризира со жените и девојките, жртвите и жртвите на насилство“, соопшти Комисијата.

Инаку, најголем дел од жртвите на трговија со луѓе регистрирани во ЕУ се жени и девојчиња. Правната и политичката рамка на ЕУ е поставена во Директивата против трговија со луѓе. Во април 2021 година, Комисијата ја претстави Стратегијата на ЕУ за борба против трговијата со луѓе, која ја нагласува заштитата на жртвите во сите фази, земајќи ги предвид особено жените и децата, како и трговијата со луѓе за сексуални активности и експлоатација.

Комисијата планира да предложи ревизија на Директивата за борба против трговијата со луѓе во декември.