ЕК: Албанија постигнала напредок со исполнување на воспоставените услови

27

Европската Комисија во извештајот за Албанија, нагласува дека таа постигна опипливи и одржливи резултати со продолжување на својата посветеност кон реформите насочени кон ЕУ, јави дописникот на МИА.

Во извештајот кој ќе биде претставен официјално попладне во Стразбур, се нагласува дека Албанија, генерално, и покрај предизвиците што ги носи пандемијата Ковид-19, Албанија продолжи да ја покажува својата посветеност кон реформите насочени кон ЕУ и даде опипливи и одржливи резултати. Ги исполни сите услови утврдени во Заклучоците на Советот од март 2020 година за првата Меѓувладина конференција “, се вели во извештајот за напредокот.

Во октомври 2020 година, Комисијата го одобри пакетот за проширување и оцени дека условот поврзан со функционирањето на Уставниот суд е близу до исполнување, додека сите други услови што требаше да се исполнат пред првата Меѓувладина конференција, според ЕК, се исполнети, односно Уставниот суд е функционален.

-Во октомври 2020 година, Комисијата го одобри пакетот за проширување и оцени дека условот поврзан со функционирањето на Уставниот суд е близу до исполнување, додека сите други услови што требаше да се исполнат пред првата Меѓувладина конференција беа исполнети. Уставниот суд ја продолжи својата работа во декември 2020 година. Во меѓувреме, Албанија продолжи да ги исполнува сите други услови и постигна дополнителен суштински, одржлив напредок во решавањето на другите приоритети поставени од Советот .

Во извештајот за напредокот на преговорите не остана без споменување на помошта што ЕУ им ја даде на земјите од Западен Балкан, вклучително и нашата земја, во справувањето со пандемијата.

-Пандемијата Ковид-19 продолжи во текот на периодот на известување. До почетокот на октомври 2021 година, Албанија регистрираше 171.794 случаи и над 2.710 смртни случаи поради пандемијата на КОВИД-19.

Комисијата обезбеди 50,6 милиони евра грантови за да ги задоволи најнепосредните потреби и да обезбеди социо-економски одговор на пандемијата. Комисијата, исто така, обезбеди макро-финансиска помош од 180 милиони евра преку многу поволен заем; првата транша од 90 милиони евра беше исплатена во март 2021 година.

Заедно со донирање медицинска опрема, континуираната дистрибуција на вакцини финансирани од ЕУ е опиплив знак за солидарност на ЕУ. Албанија има стратегија за вакцинација на национално ниво. Околу 26 отсто од населението беше целосно вакцинирано до почетокот на септември.

Извештајот за напредокот следи по Самитот на Брдо во Словенија, каде што ЕУ ја потврди поддршката за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и ја поздравува посветеноста на партнерите од Западен Балкан кон европската перспектива.

Почетокот на преговорите и одржувањето на Првата меѓувладина конференција за Албанија и Северна Македонија се заложници на Бугарија, бидејќи таа и стави вето на Северна Македонија. 

Одлуката за Албанија ќе се донесе заедно со Северна Македонија, и за да се случи ова, официјално Скопје и Софија мора да ги решат проблемите меѓу нив.