Експресно вработените од Влеча на возови ја добија априлската плата

330

Пет часа железничкиот сообраќај денеска беше во прекин откако вработените во РЕ Одржување – работилница во подружницата Влеча на возови при ЖРСМ Транспорт од 8 до 13 часот престанаа да ги извршуваат работните задачи, односно не ги поправаа и не ги прегледуваа машините и како такви тие не можае да бидат вклучени во сообраќај. Тие ја прекинаа работата во знак на револт што навреме не им беше исплатена априлската плата.

Согласно со договорот со раководството на железничката компанија од изминатиов период, доколку до 15. во месецот не биде исплатен првиот дел од платата, односно до 25. вториот дел, наредниот ден работниците ќе престанат да ги извршуваат работните задачи и нема да ги поправаат и да ги прегледуваат машините.

Во тек на неколкучасовниот бојкот не сообраќале два воза, еден патнички и еден товарен. Потоа возовите беа пуштени во сообраќај откако беа информирани дека платата за април им е пуштена на сметките.