Експлозија на плински уред: Автомобилот уништен, а загинати нема/ВИДЕО

627

Несреќата се случи во предградието на Форталеза, на североистокот на Бразил, кога експлодирала боца со плин при завршувањето на полнењето на автомобилот.

И покрај експлозијата која го уништила фолксвагенот, работникот на бензинската пумпа и сопственикот на возилото поминаа без повреди.

По експлозијата јасно се гледа ширењето на горивниот млаз кој работникот го запира со исклучување на пумпата.

Интересно, боцата со плин што наводно летала околу педесетина метри не била пронајдена. Истрагата утврдила дека сопственикот поставил неисправна плинска инсталација и не ја поминал задолжителната безбедносна проверка.

Исто така, работникот не проверил дали инсталацијата е исправна пред да го изврши полнењето.