Експлозија на плинска боца во липковско, повредени шест лица

238

Плинска боца експлодираше во викендица во селото Матец во општина Липково, пренесе ТВ21, а според информации на телевизијата повредени се шест лица.

Три лица се на интензивна нега во во кумановската болница, односно пластична хирургија и три во градската болница.

Несреќата се случила во викендица, надвор од селото.