Експлозија во продавница за тутунски производи во Атина

41

Материјална штета предизвика силната експлозија што се случи околу три часот во продавница за тутунски производи во атинска населба, без притоа да има жртви или повредени, јави дописничката на МИА од Атина.

Експлозијата предизвика материјална штета како на продавницата, така и на паркирани автомобили во близина, а според грчките медиуми веројатно станува збор за поставен експлозивен механизам.