Едно лице загина при експлозија, која одекна утрово во станбена зграда во центарот на Загреб.

Безживотното тело е пронајдено во еден од становите на зградата. На местото на инцидентот се наоѓаат екипи на итна медицинска помош, на полицијата и пожарникари.

Засега нема информации за други жртви или повредени лица, ниту е позната причината за експлозијата.