Експлозија во деловен центар во Москва

26

Експлозија избувна денеска во деловниот центар „Панорама“ во центарот на Москва, соопшти Московскиот комитет за вонредни состојби.

Засега нема информации за жртви или повредени, јавуваат руските медиуми.

Се претпоставува дека експлозијата се случила на 9-от кат од центарот, поради проблеми во котларницата.

Медиумите јавија дека дека има скршени прозорци на зградата, како и на автомобилите кои биле паркирани во близина.