„Експлодира“ балканската ковид “бомба“- се уриваат црни рекорди, бројот на заразени и починати постојано расте

284

Во последното деноноќие во Србија се евидентирани 757 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е најголем број за еден ден од почетокот на пандемијата. Во тој временски интервал починаа уште три лица. Најмногу новозаразени има во Белград – 433. Вкупно 38.872 лица се заразени во Србија од почетокот на пандемијата, а 789 починале.

Рекорд на новозаразени за еден ден има и во БиХ – 1.251 новоинфициран, а 10 пациенти починале.

Во Словенија, во последните 24 часа биле потврдени 1.963 нови случаи на инфекција со коронавирусот, 300 повеќе од претходниот ден, а 18 лица починале. Ова е нов црн рекорд за бројот на нови случаи и бројот на смртни случаи досега во Словенија.

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 1.589 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од вчерашниот рекорден биланс од 1.595 новоинфицирани, а други 13 лица починаа.

Во Хрватска, во последните 24 часа се потврдени 2.242 нови случаи на коронавирус, а 16 лица починаа, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Вкупно 33.959 случаи на коронавирус се регистрирани во Хрватска, а 429 лица починале.

Во Црна Гора од направени 743 тестови, позитивни се 193, а од пресекот во петокот починати се осум лица. Вкупниот број на активни случаи во Црна Гора изнесува 3.765.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Владата ќе размисли за воведување нови мерки за борба против Ковид-19, откако во земјата се потврдени нови 2.165 случаи, најмногу од мај, кога Анкара воведе низа рестриктивни мерки.

Во Турција, 357.693 лица се заразени со вирусот од почетокот на пандемијата, додека 9.658 пациенти починале како резултат на Ковид-19.