ЕКСКЛУЗИВНО: ФОТОРЕПОРТЕРОТ НА ВЕСНИКОТ ВЕЧЕР НА СКОПСКАТА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА: Гледав и слушав како болните од коронавирус се борат за здив

Во петокот пред Духовден, кога поголемиот дел од скопјани го напуштија градот за да го избегнат 80-часовниот карантин и се релаксираа покрај езеро или на планина, а други останаа во своите домови преплашени од статистиката на новозаразени од ковид-19, која дента достигна до 180 заболени лица, нашиот фоторепортер влезе во најспоменуваната клиника последниве месеци. Ѕвонко Плавевски, благодарение на д-р Милена Стевановиќ беше еден час на фронтот и заедно со медицинскиот персонал и под товарот на заштитната опрема ја почувствува личната голгота низ која поминува секој пацент и тоа да го овековечи. Фотографијата да остане како сведок за трагедијата што ја донесе опасниот коронавирус во многу семејства и како опомена до сите да ги почитуваат препораките од докторите.

5113

За новинарите и фоторепортерите нема слободен викенд или празничен ден. Нема ниту карантин или полициски час. Тие се луѓето-професионалци кои не се штедат себеси во намера да пренесат информација, слика или снимка од настаните кои честопати можат да бидат дури опасни и животозагрозувачки. И најчесто, не зборуваат за тоа… или пак ги раскажувааат како анегдоти. Сепак, има и такви моменти кои долго им остануваат во сеќавање иако би биле посреќни доколку се заборават…

Токму такво искуство имаше фоторепортерот на весникот ВЕЧЕР, Ѕвонко Плавевски, кој лично ја почувствува трагедијата на пациетните згрижени на Инфективна клиника во Скопје, и преку слика ја претстави пред пошироката јавност.

Во петокот пред Духовден, кога поголемиот дел од скопјани го напуштија градот за да го избегнат 80-часовниот карантин и се релаксираа покрај езеро или на планина, а другите останаа во своите домови преплашени од статистиката на новозаразени од ковид-19, која дента достигна до 180 заболени лица, нашиот фоторепортер влезе во најспоменуваната Клиника последниве месеци. Ѕвонко Плавевски, благодарение на д-р Милена Стевановиќ, беше еден час на фронтот и заедно со медицинскиот персонал и под товарот на заштитната опрема ја почувствува личната голгота низ која поминува секој пацент и тоа да го овековечи. Фотографијата да остане како сведок за трагедијата што ја донесе опасниот коронавирус во многу семејства и како опомена до сите да ги почитуваат препораките од докторите.

– Бев во инфективна. Поседов и фоткав еден час. Гледав и слушав новодонесени заболени лица како се борат за здив сè додека не им стават маска со кислород. Не знаеја каде се, што им е, дали и колку деца имаат. А звукот на нивните бели дробови ќе остане со мене некое време. Акцентот го ставив на прекрасниве доктори и медицински лица кои се на фронтот против овој невидлив непријател. Секоја чест за професионализмот и нивната неуморност. Посебна благоданост до Д-р Милена Стевановиќ за приликата да сум барем еден час на фронтот. Носете маски, држете растојание, седете дома, почитувајте ги мерките, напиша Плавевски на својот фејсбук-профил и на Твитер, уште под импресии веднаш по враќањето од работната задача.

На Задушница, денот кога се сеќаваме на починатите, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата, весникот ВЕЧЕР преку фопторепортерот Ѕвонко Плавевски одаде почит за сите кои ја изгубија битката со оваа подмолна болест. Но, им посака долго здравје на оние кои успешно ја пребродија корона-кризата, особено на излекуваните кои се охрабрија да донираат крвна плазма за лекување на  други инфицирани лица. (Е.А.)