Ексклузивно – Скопје по 21. пат уживаше во магијата на убавиот виенски валцер! По пандемијата, во македонската метропола се врати австриската балска традиција

402

Балот ја негува вековната австриска традиција. Тој секогаш ја има и својата хуманитарна препознатливост. Годинава, дел од средствата од продадени билети беа наменети за народот на Украина.

(Дуле Миќиќ)

Иако со мало оправдано задоцнување, но во голем холивудски стил, а на австриски гламурозен начин, овој викенд во Скопје се одржа „Виенски бал 2022“. Балот поради пандемијата со коронавирусот две години беше „на пауза“, но сега уште похрабар, пооригинален, поавтентичен и повесел им се врати на скопјаните.

Го славеше животот, така што 21. издание на овој престижен настан беше мошне интересен, а под покровителство на: Амбасадата на Република Австрија во Македонија и градот Виена, како и „Здружението за културна соработка Јохан Штраус“, но и со ексклузивно медиумското присуство на весникот ВЕЧЕР и порталот vecer.press
Гостите, господата и дамите, меѓу кои и: вице-премиерот Бетиќи, личностите од музичкиот (Димитар Андоновски), економскиот, медиумскиот, модниот, водителскиот, спортскиот, банкарскиот, дипломатскиот, медицинскиот свет (д-р Софија Пејкова, професор д-р Христо Пејков)……свечено облечени за ваквите пригоди, најпрво со искрени зборови ги поздрави шармантната водителка, поранешната Мис на Македонија, Вера Мештеровиќ (и таа свечено облечена, но во фустанот на “Елена Лука“):

– Балот веќе две децении е дел од мапата на светски метрополи, кои ја негуваат вековната австриска традиција. Тој секогаш ја има и својата хуманитарна препознатливост. Годинава дел од средствата од продадени билети беа наменети за народот на Украина. Наша должност што ја имаме како луѓе е да бидеме хумани битија, со почит и разбирање кон оние на кои им е потребна помош. Потоа гостите ги поздрави неговата екселенција, австрискиот амбасадор Георг Вуцас.

Официјалниот дел се отвори со звуците на Штраусовата „Полонеза“, а според традицијата на самите виенски балови. Со топлина во душата ги проследивме и настапите на танцовиот клуб „Прима данца“, членовите на „Јохан Штраус“ под диригентската палка на Бисера Чадловска, “Свингерси бенд“, Дејан Бобиќ-Дексо, Билјана Ѓошева, првенците на балетот при НОБ, Саша Ефтимова и Балаш Локсеи, како и танчарска двојка од Бугарија, Роси Михалева и Стилијан Станев.

Целата вечер, од почеток до крај, присутните ексклузивни гости уживаа во вистинската магија на музиката и танцот, но и во магијата на светските евергрини и домашни хитови.

Со нетрпение го очекуваме в година да се случи наредното издание на балот, кој традиционално ќе се врати во својот вообичаен термин, во месец март.                (Строго забрането е објавување на овие фотографии од vecer.press на други портали)