-Работам веќе 18 години како медицинска сестра во одделот за неврохирургија во прочуената Клиника  во Кливленд. Иако имам работа со пациенти кои имаат мозочна аневризма,  јас сум целосно задоволна од мојата работа и ја работам со многу љубов, изјави Тина за весникот  ВЕЧЕР. Тина Ресер, или Тина Симка Георгиевски е наше горе лист. Родена е во Америка, но нејзините родители се по потекло од Преспа, поточно од местата Дрмени и Претор.

– Македонија е полна со природни убавини,  и секогаш ми е тешко кога треба да се вратам назад, во САД, вели Тина за весникот  ВЕЧЕР и додава Се надевам дека кога ќе помине ова лудило со коронавирусот, ќе имам можност повторно да дојдам во убавата земја на моите родители, Македонија.

 

Некогашната студентка на Факултетот за медицински сестри „Френсис Пејн Болтон“ на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв, Тина  Симка Ресер ја доби  наградата за најдобра медицинска сестра во државата Охајо од Американската асоцијација на медицински сестри (AANP).

Тина Ресер, или Тина Симка Георгиевски е наше горе лист. Родена е во Америка, но нејзините родители се по потекло од Преспа, поточно од местата Дрмени и Претор.

-Работам веќе 18 години како медицинска сестра во одделот за неврохирургија во прочуената Клиника  во Кливленд. Иако имам работа со пациенти кои имаат мозочна аневризма,  јас сум целосно задоволна од мојата работа и ја работам со многу љубов, изјави Тина за весникот  ВЕЧЕР.  Вели дека најмногу се радува кога некој од  нејзините пациенти  кои пред да дојдат во болницата биле речиси изгубени случаи,  а потоа по извесно време ќе ги види како се движат самостојно, а некои дури почнуваат и да трчаат.

Тина е сопруга и мајка на две ќерки, Ејва и Александра, и секое слободно време го поминува со своето семејство. На нашето прашање дали била во Македонија, Тина вели дека последен  пат тоа било во 2018 година. Тогаш, освен родниот крај на своите родители, Тина ги посетила своите роднини кои живеат во Македонија, а посебен впечаток и оставило Мариово.

– Македонија е полна со природни убавини,  и секогаш ми е тешко кога треба да се вратам назад, во САД, вели Тина за весникот  ВЕЧЕР и додава “Се надевам дека кога ќе помине ова лудило со коронавирусот, ќе имам можност повторно да дојдам во убавата земја на моите родители, Македонија”.

Националната недела на  медицински сестри во Америка се празнува во средината на ноември и се организира со цел препознавање на улогата , како и зголемување на  свеста за грижата што ја обезбедуваат  медицинските сестри во својата секојдневна работа. На примателите на оваа награда им се оддава почест секоја година за време на националната конференција на AANP. Основана во 1991 година, а државната награда за извонредност се доделува на медицински сестри кои покажале одлични резултати  во клиничката пракса.

(Љ.А.)