Еколошки час во ООУ „Браќа Миладиновци“

121

Европската недела на мобилност беше одбележана во ООУ „Браќа Миладиновци“, општина Аеродром, каде што се одржа еколошки час.

Учениците од петто одделение се запознаа со целите и придобивките на одржливиот транспорт, а пред сè, од возењето велосипед и пешачењето.

Европската недела на мобилност, која трае од 16 до 22 септември, се одржува под мотото „Пешачи со нас“.

Целта е да се промовираат придобивките од безбедно одење и велосипедизам, како и да се спроведат мерки за подигнување на безбедноста кај најмладите.

Во рамките на оваа европска иницијатива, денеска дечињата од детската градинка „Срничка“ ќе пешачат по кејот на реката Вардар, при што ќе се едуцираат за придобивките од пешачењето.