Еколошката такса на литар дизел ќе биде 3,5 денари

    47

    Од 1 јули на секој литар дизелгоривоќесенаплатува еколошка такса од 3,5 денари.

    Ова денеска го соопшти премиерот Зоран Заев и ги расчисти дилемите околу тоа дали ќе има и колкава ќе биде давачката што ќе ја оптовари цената на дизелот.

    Заев рече дека Владата планира сериозни вложување во екологијата и обновливите извори на енергија.

    Исто така најави и дека Владата планира да го намали ДДВ за струјата за домаќинства од 18 на пет проценти, за дане се почувстрвува нејзиното поскапување.