Екипажот на бугарски брод заразен со Ковид-19, едно лице починало

87

Екипажот на бугарскиот брод, кој плови под знамето на Малта и се наоѓа во Варненскиот Залив, е заразен со коронавирус, објави БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според информациите синоќа починал готвачот на бродот.

Се очекува денеска на бродот да пристигне истражител за да го расветли случајот.

Обвинителството во Варна денеска соопшти дека истрагата е во тек.

Во моментов се врши дезинфекција на бродот за да може да дојде тим од лекари и истражители, со цел да се утврдат причините за смртта на членот на екипажот