Екатерини Сакеларопулу од Стразбур : За да се решат отворените прашања, потребна е политичка волја, храброст и поглед свртен кон иднината а не кон минатото

51

Многу отворени прашања Западен Балкан потекнуваат од минатото,  затоа процедурата за нивно зачленување треба да биде финализирана, тоа ќе придонесе за хармонизација на ситуацијата. За да се решат отворените прашања, потребна е политичка волја, храброст и поглед свртен кон иднината а не кон минатото, порача од говорницата на ПССЕ во Стразбур претседателката на Грција Екатерини Сакеларопулу, јави дописникот на МИА.

Евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан, во перспектива на самитот ЕУ-Западен Балкан, беа едни од главните прашања кои и беа поставени на претседателката на Грција Екатерини Сакеларопулу ПССЕ.

Јулијан Булај, пратеник од Романија во името на европските либерали и демократи, ја потсети претседателката на Грција на идниот европски самит со земјите од Западенн Балкан, посветен на идните односи со нив, прашувајќи ја каков ќе биде придонесот на Грција за интеграциите на овие земји во ЕУ.

-Грција отсекогаш го поддржува проширувањето на ЕУ, особено кон земјите од Западен Балкан. Како што знаете на самитот во Солун во 2003, беше испратена силна порака на поддршка во оваа насока. Оттогаш Грција активно учествува во сите политики и во развојот на оваа тема. Тоа е сложена постапка, која бара повеќе етапи на прилагодување на условите, рече грчката претседателка.

Притоа таа призна дека за Западен Балкан оваа процедура е „особено долга,“ но треба да се почитува истата. Процедурата се заснова на заслугите на земјите кандидати. Тие треба да носат одлуки кои одат во насока на демократизацијата на нивното општество, правната држава за да се почитуваат критериумите од Копенхаген

Ова се однесува не само на земјите кандидати, туку и на земјите членки. Ќе биде во интерес на сите кога процедурата ќе биде финализирана. Мојата змеја е за финализирање на процедурата за зачленување на Западен Балкан во ЕУ. Тоа е во интерес на сите. Процедурата треба да биде забрзана, Грција веќе ја даде потребната експертиза во таа насока и тесно соработува со земјите кандидати од кои некои се наши соседи. Ние се надевам дека таа процедура ќе биде успешна.

Арта Билали Зендели од македонската собраниска делегација, потсети дека Северна Македонија го смени името за да стане членка на НАТО.

-Со членството  се чувствуваме подобро заштитени. Но Западен Балкан не е во ЕУ,  има нерешени конфликти, духот на тие нерешени конфликти лебди и во Советот на Европа. Таа ја запраша грчката претседателка која порака им ја испраќа на земјите од регионот, додека унгарската пратеничка Каталин Чобор се интереисраше за заштитата на малцинствата на земјите канидати, особено на унгарското во Уклраина.

-Западен Балкан претставуваат регион тешко погоден и сложен. Многу отворени прашања потекнуваат од минатото,  затоа процедурата за нивно зачленување треба да биде финализирана, тоа ќе придонесе за хармонизација на ситуацијата. За да се решат, потребна е политичка волја, храброст и поглед свртен кон иднината а не кон минатото, бидејќи за идните генерации ние треба да направиме се што е можно за да се решат овие проблеми и да имаат подобра иднина. Треба д се најдеме трајни решенија, за да се решат сите сложени прашања со кои се соочува регионот Западен Балкан, нагласи во одговорот грчката претседателка.

Нашата бусола треба да биде почитувањето на правната држава, тоа е предуслов за да процедурите напредуваат во рамките на институциите.

Околу прашањето за малцинствата, секоја држава која сака да стане членка на ЕУ. Треба да ги почитува критериумите од Копенхаген, стабилноста на демократските институции, човековите права. Од самата волја да се сака да се  стане членка на ЕУ, произлегуваат и обврските кои треба да ги спроведуваат сите држави кандидати во рамките на процедурата на преговори за членство во ЕУ, додаде таа.

Во говорот пред Парламентарното собрание, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу повика на посилен Совет на Европа и поголем мултилатерализам за да одговори на многуте предизвици со кои се соочува Европа денес – од војна во Украина до климатски промени и економски и социјални пресврти.

Обраќајќи им се на парламентарците на летната сесија на ПССЕ, првата жена претседателка на Република Грција потсети на корените на античката грчка демократија и ја пофали „демократската симболика“ на Парламентарното собрание како агора, или пазар на идеи, што останува во срцето на неговото политички идентитет.

Руската агресија против Украина претставува „директен и фронтален предизвик за либералната демократија и европските вредности“, нагласи таа, додавајќи: „Упадот на Русија не се однесува само на херојскиот украински народ, кој ни го дава најдобриот пример на несебичност и патриотизам, туку се однесува сите нас. Таа ја поздрави „силната порака за единство“ во одлуката за исфрлање на Русија од Советот на Европа и го поддржа предлогот на Собранието за формирање на ад хок меѓународен трибунал за истрага на злосторството за агресија врз Украина.

Сакеларопулу, исто така, ја изрази својата поддршка за одржувањето на четвртиот самит на шефови на држави и влади за иднината на Советот на Европа, прецизирајќи дека неговиот успех ќе биде условен со „добра подготовка и јасни цели“.

Таа предупреди дека основните права се под „силен притисок“ – од ЛГБТК+ правата до борбата против антисемитизмот – и зборуваше за „суровата реалност за жените“ на семејното насилство. Истанбулската конвенција на Советот на Европа е „компас“ за акција за спречување на такво насилство, нагласи таа.