Ако не по резултатите, селекторот на кошаркарската рерпрезениција на Литванија, Даиниус Адомаитис, ќе остане запаметен како еден од највулгарните луѓе на Мундобаскетот во Кина. Тој се уште не може да се помири со неправдата и грешката на арбитрите од мечот против Франција, по што неговата селекција беше елиминирана од Миндобаскетот во Кина, поради што неколку пати жестоко удри по Светската куќа на кошарката (ФИБА).

Литванија се збогуваше со Светското првенство со победа од 74:55 над Доминиканската Република, а навивачите постојано извикуваа  „е*и се ФИБА“ и јасно ставија до знаење што мислат околу критериумите за судењето на овој шампионат.

  • Секоја чест (до навивачите), така треба и да биде. Тие ги изразија своите чувства, но и чувствата на повеќето од нас, изјави Адомаитис.

Литванскиот селектор откри дека е казнет со парична казна за коментарот по мечот против Франција на сметка на судиите. На конференцијата по последниот натпревар на клупата на Литванија, Адомаитис зборуваше безрезервно.

  • Пред да ја преземам репрезентацијата, седнав со моите ќерки и сопруга и ги прашав дали се подготвени за ова. Им реков дека ќе има многу ср*ње и ги прашав (ќерките) дали се подготвени за тоа на училиште. Ова беше моето прво прашање. Никогаш не сум доживеал таква доза на негативност, никогаш во мојот живот, истакна искрено предводникот на Литванија.