Едоуард сака во Премиер

43

Францускиот интернационалец од редовите на шкотскиот гигант Селтик, Одсон Едоуард, пред неколку дена ги информирал клупските челници дека сака да ја промени клупската средина на крајот од актуелната сезона. Одличниот напаѓач не крие дека сака својата кариера да ја продолжи во англиската Премиер лига, а во изминатиот период најголем интерес за неговите услуги покажуваа челниците на Евертон, Арсенал и на Вест Хем.