Едоуард партнер на Рашфорд

68

Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на најдобриот стрелец во редовите на актуелниот шампион на Шкотска, тимот на Селтик, Одсон Едоуард.

Францускиот интернационалец е вистински кошмар за дефанзивците во шкотскиот шампионат и голема е веројатноста дека ќе ја промени клупската средина на крајот од актуелната сезона. Неофицијално, „црвените ѓаволи“ се подготвени да одвојат околу 40 мил. фунти за неговите услуги.