Едоуард најнова желба на АДЛ

69

Францускиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Шкотска, тимот на Селтик, Одсон Едоуард, е најновата желба на контроверзниот сопственик на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис.

Првиот човек на „азурите“ не крие дека е импресиониран од квалитетите на робусниот напаѓач и планира да испрати официјална понуда за време на зимскиот преоден рок. Неофицијално, првиот човек на Наполи е подготвен да одвои околу 30 мил. фунти за услугите на Едоуард.