Едно село, а две различни мерки за однесување за време на вирусот корона

409

Со децении жителите на селото кое на холанската страна се вика Баарле Насау, а на белгиската страна е познато како Баарле Херток, слободно се движеле едвај забележувајќи ја испрекинатата граница на асфалтот.

Но, сега, вирусот корна и тука го замеша своето влијание. На белгиската страна жителите можат да ги напуштаат домовите единствено во случај на најнужни потреби, а Холанѓаните можат мирно да одат во продавница за чевли или на преглед кај офталмолог.

Ова се случува бидејќи двете држави имаат различен пристап во ограничувањето на мерките на движење на населението поради пандемијата на вирусот корона.
Живеам на 50 метри понатаму, можам да поминам покрај ама не можам да влезам во ниту една од тие продавници бидејќи сум Белгиец, вели Франц Де Бонт, началник на Барле Хертог, покажувајќи со прстот на продавницата од другата страна.

Необично е и тоа што границата минува низ една од продавницните, па до полиците на холандската страна може да се пристапи, ама не и до оние кои се белгиската страна.
Селото е сосема опкружено со холандска територија, ама на Баарле Хертог му припаѓаат уште 2 белгиски енклави, а во ним има осум холандски микоренклави, кои се формално под општината Баарле Насау.

Де Бонт вели дека заплетканата граница е последица на феудалниот систем на замена на земјата меѓу сопствениците која се одвивала со векови.

Тогаш било нормално и едноставно така и останало. Сите обиди да се одреди поразумна граница не дадоа плод до денес, појасни тој.

Извор:wibquam.com