Едно лице загина во невремето во Анкара

38

Едно лице загина, а две се повредени во денешното невреме во Анкара, соопшти гувернерот на областа Васип Шахин, пренесува турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Се соопштува дека во невремето се повредени три лица кога се урнало скеле на градилиште. Несреќата се случила поради силниот ветер за време на невремето во турската престолнина.

Повредените работници биле примени во болница, но и покрај напорите на лекарите, еден од повредените починал.

Обилните дождови денеска предизвикаа големи поплави во турскиот главен град Анкара. Метеоролозите предупредија дека поројните дождови во областа ќе продолжат и во наредните часови.