Едноставно, немаме тим за титула

65

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард изјави дека тимот нема да се бори за шампионската титула во Англија оваа сезона.

  • Едноставно немаме доволно сила. Во Англија нè нарекуваат претенденти за титулата, но не се согласувам со нив. Засега, ни треба време да изградиме мускули. Прво, да погледнеме што се случи против Арсенал, изјави Лампард за „Goal.com“.

Во моментов лондонци се на осмото место во Премиер лигата со 25 бода. Ливерпул е лидер со 32 поени.