Едноставно е, ќе ја за*бeме Хрватска

33
epa10323596 Head coach John Herdman of Canada during the FIFA World Cup 2022 group F soccer match between Belgium and Canada at Ahmad bin Ali Stadium in Doha, Qatar, 23 November 2022. EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Вториот натптревар од групата „Е“, пресметката помеѓу репрезентациите на Белгија и Канада, заврши со минимален триумф на фаворизираните „ѓаволи“. Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 44 минута, беше дело на Мичи Бачуај, а Канаѓаните на почетокот од натпреварот промашија удар од белата точка.

Освен по погодокот на Бачуај и промашениот пенал на офанзивниот бек на Баерн (М), Алфонсо Дејвис, дуелот во Доха најмногу ќе биде запаметен и по контроверзната изјава на канадскиот селектор, Џон Хардман. Во следното коло од групната фаза Канада ќе игра против селекцијата на Хрватска, а Хардман изјави дека неговите избраници ќе ја за*бат Хрватска.

  • Им кажав на моите фудбалери дека нашето место е на СП 2022 и дека на следниот натпревар ќе ја за*бeме Хрватска. Толку е едноставно. Горд сум на играта која ја прикажавме. Треба и понатаму да функционираме како една целина и да веруваме во успехот. Сепак, после првиот натпревар ние требаше да имаме три бода. Имавме доволен број на шанси, но не ги искористивме. И нашите навивачи беа фантастични, ги немаше многу, но донесоа живост на стадионот. Сигурно се горди поради прикажаната игра, изјави селекторот на Канада.