Оваа идеја е подобро решение од купување на мириси за вашите плакари, кои се преполни со хемикалии. Особено лош мирис имаат старите плакари, кој пак се пренесува и на вашата штотуку испрана облека.

Тие неубави мириси можете успешно да ги неутрализирате со намирница која сигурно ја имате во кујната. Ориз во комбинација со неколку капки етерично масло, чини чуда во фиоките и ормарите во кои се вовлекла непријатната миризба.

За да го направите овој освежувач на простории и плакари, ќе ви требаат стаклена тегла, ориз и неколку капки етерично масло.

Оризот ќе ги апсорбира сите мириси на етеричното масло, па просторијата веднаш ќе ви замириса убаво.

Овој трик е потполно природен, а мирисот ќе трае и до неколку месеци. Освен тоа, многу подобар избор е од купечките освежувачи за воздух, бидејќи тие се преполни со хемикалии.

Можете да одберете масло со кој било мирис, а најделотворна во отстранувањето на лошите миризби е лимоновата трева.