УФЦ борачот Дастин Поире многу емотивно го доживеа поразот од Хабиб Нурмагомедов во борбата за светски шампион во лесна категорија и по мечот со солзи во очите истакна дека се изневерил себеси и дека никој на светот не сакал толку многу да победи колку што сакал тој.

  • Тешко е да кажам било што, имам чувство како да се изневерив себеси. Целата моја кариера се подготвував за овој меч, за овој миг, а најлошо од сѐ е што знам дека имаше ситуации во кои можев да направам повеќе. Навистина бев подготвен, а сега со овој резултат, како ќе се погледнам во огледало секое утро? Сепак, ако научив нешто во овој спорт, тоа е да бидам благодарен за добрите моменти, а во тешките да бидам џентлмен, така што сега ќе одам дома и ќе поминам време со семејството, низ солзи рече Американецот.

Оваа победа на Дагестанецот не остана непремолчана од неговиот најголем ривал Конор Мегрегор, кој веднаш се огласи преку социјалните мрежи барајќи реванш против Нурмагомедов.

Мекгрегор веќе еднаш загуби од Хабиб, а Ирецот сега бара уште еден меч за да му докаже на дека е подобар од него. И тоа на негов терен во Русија.

  • Резервирај ми реванш меч во Москва, напиша Мегрегор.