Едниот другар беше мртов, а другиот во затвор

66

Аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро и официјално дебитираше во дресот на каталонскиот гигант Барселона. Само што се пресели на „Ноу Камп“, искусниот напаѓач заработи тешка повреда но во неделата ги одигра последните неколку минути од првенствениот дуел против Валенсија кој заврши со триумф на Барса од 3:1.

Во последното интервју кое го даде за „Ел Паис“, Агуеро откри каков му бил односот со Диего Армандо Марадона, Пеп Гвардиола и Лионел Меси, а откри и дека нема по убаво да го памети своето детство.

  • Ми беше многу тешко кога слушнав за Марадона, како можеше тоа да се случи? Тој ден играв натпревар во Лигата на шампиони. Кога слушнав бев убеден дека станува збор за лажна вест, такво нешто имаше и претходно. Ја прашав сопругата, дали е точно дека починал нејзиниот татко. Кога ми потврди, се скршив, изјави Агуеро.

Репрезентативецот на Аргентина во последните пет години соработуваше со трофејниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој Агуеро го доживуваше како еден од клучните играчи во соблекувалната.

  • Никогаш не сум имал некаков проблем со Гвардиола, никогаш не сме се расправале. Кога дојде на „Итихат“ имавме потреба од време да се навикнеме еден на друг, но последните три години беа фантастични. Тој е тренер кој од сите играчи бара максимален ангажман, а јас немав проблем со таквото барање. Ако Пеп има некаква идеа во главата, тогаш истата ќе ја примени и на зелениот терен. Тој ќе направи промена и на играчите кои постигнале погодок на последните натпревари. Не му е гајле. Него не го интересира како се вика тој играч, освен ако станува збор за Меси, откри Агуеро.

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити израсна во сиромашен кварт, кој го напушти откако потпиша за Индепендиенте. Често пати се сеќава на своите пријатели иако голем дел веќе ги нема.

  • Имав 16 години кога последен пат го посетив моето мало во Буенос Аирес. Кога прашав каде ми се пријателите со кои се дружев додека бев дете непријатно се изненадив. Едниот беше мртов, другиот во затвор, а третиот го бараше полиција. Тоа беа деца, но контактирам со некој од нив, дури и 20 години подоцна, додаде Агуеро.