Само што се појави трејлерот за документарнта серија за принцот Хари и Меган Меркл што ќе се емитува на Нетфликс, веднаш предизвика бура од реакции. Трејлерот се состои од серија црно-бели фотографии, вклучувајчи и неколку на кои се гледа како Меган плаче.

Една реченица што ја изговара принцот Хари посебно привлекува внимание. Во трејлерот се слуша како вели: „Никој не гледа што се случува зад затворени врати“.

Потоа додава: “Морав да сторам се што можев за да го заштитам своето семејство“.

Трејлерот потоа се фокусира на Меган која вели: Кога влоговите се толкави, зарем нема смисла да се слушне и нашата приказна од нас самите?“.

За документарецот кој излегува следниот четврток, брачната двојка наводно добила 100 милиони долари.

Британското кралско семејство пак поради излегувањето на филмот се подготвува за ноб бран негативен публицитет. Принцот Хари и Меган Меркл објавија дека склучиле договор со Нетфликс само шест месеци откако се доселиле во Калифорнија во март 2020 година, велејќи дека се одлучиле да го снимат филмот за да им пруѓат надеж и инспирација на гледачите.

Откако го потпишаа договорот, тие ги пуштија камерите во својата луксузна вила во Монтесити. Засега нема точни податоци колку од својот семеен живот Хари и Меган биле подготвени јавно да го споделат, но секако допуштиле камерите на Нетфликс да ги следат на јавните настапи во 2021 и во 2022 година.

По смртта на кралицата Елизабета Втора, тие дошле во судир со Нетфликс бидејќи сакале да променат голем дел од тоа што претходно го кажале за кралот Чарлс трети, за кралицата Камила, како и за принцот Вилијам и за неговата сопруга Кејт Мидлтон. Меган се дистанцирала од документарецот и рекла дека се е во рацете на режисерката Лиз Гарбус.

„Убаво е што можевме некому да му ја довериме нашата приказна – на искусната режисерка на чија работа одамна и се восхитувам – дури и ако тоа значи приказната можеби да не онаква каква што би сме ја раскажале ние. Но тоа не е причината зошто ја раскажуваме . Својата приказна ја доверуваме на некој друг, а тоа значи дека таа ќе помине и низ нивниот објектив“ – изјавила Меган Меркл.