Една печурка има повеќе витамини и минерали отколку цела чинија зеленчук

681

Хранливата вредност на печурките е голема, а особено се богати со протеини.

Овие шумски плодови ги содржат сите есенцијлни аминокиселини, а се богати и со витамини, пред се, оние од групите А, Б, Ц, К, бета-каротен и ергстерол. Богати се и со растителни масти, белковини, минерали – фосфор, натриум и калиум, магнезиум, во помали количесва и со железо и калциум.

Печурките содржат дури 95 проценти вода, па се одлични при диети. Покрај тоа, во 100 грама печурки има само меѓу 18 и 23 калории.

Еве зошто треба да се позастапени во вашата секојдневна диета:

Одличен се избор на витамин Д

Печурките се едни од ретките продукти кои содржат витамин Д. Познато е дека овој витамин е добар за јакнење на имунитетот, а особено во зимскиот период. Во последно време многу се зборува за позитивното влијание на целокупното здравје, а со оглед на тоа што во текот на деновите без сонце им недостига на сите, добро би било да се внесат печурките во секодневната диета.

Содржат селен во големи количини

Печурките се одличен извор на селен, кој е неопходен минерал кој делува како антиоксиданс, па ги штити клетките од оксидативен стрес, штета предизвикана од слободните радикали и спречува ширење на многу болести.

Покрај тоа, тој игра голема улога во заштитата на имунитетот.

Заштитуваат од рак

Се верува дека печурките особено штитат од рак на дојка затоа што го запираат ензимот наречен ароматаза, кој произведува естроген, а една од најчестите причини за рак на дојка е само зголемениот естроген.

Замена се за месото

Поради нивната текстура како месо, тие лесно можат да се вклопат во оброците кога сакаме да го намалиме внесувањето месо.

Ова исто така ќе го намали внесувањето на калории и маснотии во организмот.

Го зајакнуваат имунитетот

Благодарение на спектарот на витамини, за кратко време ќе го зајакнат организмот.