Пепа Димитрова го претстави видеозаписот за својата најнова песна “Студени очи”. Комплетен автор на спотот е Александар Пауновски. Фотографијата ја потпишува “2 С Студио“. Снимен е на повеќе интересни локации низ Македонија, а за истиот е користен и олдтајмер, „бјуик“ од 1952 година кој е дел од приватната колекција на еден колекционер од Битола.

Песната “Студени очи”, Пепа Димитрова ја изведе на годинешниот Макфест. Текстот за неа го напиша Игор Џамбазов, додека музиката и аранжманот се на Слободан Стојанов. Фановите се веќе воодушевени и од оваа нејзината видеоприказна!