Една од најголемите банки во САД согласна да им исплати милијарди долари на своите клиенти

36

Американската банка Wells Fargo се согласи на исплата од 3.7 милијарди долари казна и компензации за да ги регулира поплаките на организициите за заштита на правата на потрошувачите во САД. 

Бирото за заштита на финансиските права на потрошувачите (ЦФБП) ја обвини банката за редица нарушувања кога давала автомобилски и станбени кредити, како и нарушувања со депозитите. На прво место, банката незаконски ја повишувала висината на разни исплати.

Wells Fargo е една четирите најголеми банки во САД со операции во 35 земји во светот и со повеќе од 70 милиони клиенти. 

ЦФБП ја обврза банката да исплати 1.7 милијарди долари казни и 2 милијарди долари компензација за сопствениците на повеќе од 16 милиони сметки кои биле оштетени од нарушувањата. 

 Од Wells Fargo изјавија дека овој договор треба да ги реши напластените проблеми, прецизирајќи дека вакви напори се прават уште од 2020 година.

Бирото за заштита на финансиските права на потрошувачите започна да работи поагресивно за време на Џо Бајден. Директорот на бирото, Рохит Чопра, изјави дека тие имаат за цел да издејствуваат големите компании да се повикаат на одговорност ако ги нарушуваат правата на потрошувачите.