Единствени планинари што го искачија Монт Еверест за време на пандемијата се Кинези

821

Кинеските медиуми пренесоа дека група геодети се качила на Монт Еверест за одново да го измери врвот, кој се наоѓа на границата на Непал и Кина.

Досегашните проценки на Кина наведуваат дека врвот е за четири метри понизок од проценките кои доаѓаат од Непал.

Би-Би-Си наведува дека е можно на тоа да влијаел силниот земјотрес од 2015 година.

И Кина и Непал им забранија годинава на тимовите да се качуваат на Монт Еверест поради рестриктивните мерки за патување донесени поради пандемијата со вирусот корона.

Кина им дозволи само на своите државјани да се качуваат во текот на летната сезона, додека Непал ги откажа сите експедиции.

Извор:www.bbc.com