Единаесет одземени мотоцикли и санкционирани 332 возачи на територијата на државата

27

Во спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата во периодот од 8 до 14 август, за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, се санкционирани 332 возачи, информира МВР.

– Од нив, 224 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 51 возеле без возачка дозвола, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, соопштуваат од МВР.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.