Еден тон млечни производи за сиромашните и старите во Центар

218

Компанијата „Лакталис“ донираше еден тон производи за семејствата кои живеат во социјален ризик и лица постари над 65 години со минимални пензиски примања на територијата на Општина Центар. Градоначалникот Саша Богдановиќ информира дека пакетите со млечни производи на „лакталис“ веќе се поделени на тие што им требаат.

– Благодарност до до невладината организација „Банка за храна”, здружението „Хуманост” и волонтерите, кои заедно со нивни мобилни тимови и службите на општината им помогнаа на нашите сограѓани. Огромна благодарност до Славко Цариќ, кој поттикнат од нашите хумани акции, несебично се вклучи и помогна во обезбедување бесплатен превоз на старите и изнемоштени лица – напиша Богдановиќ на Фејсбук.

Бројот за донации каде можат да се вклучат сите заинтересирани хумани граѓани и компании е 076/313-383.