Европската и германската ракометна федерација, открија детали поврзани за континенталниот собир во 2024 година. Федерациите потврдија дека ќе биде урнат рекордот по бројот на присутни гледачи на еден натпревар на трибините. Се планира еден меч да се одигра пред 50.000 гледачи.

Со ова треба да биде соборен рекордот од 2014 година кога на натпреварот од Бундеслигата меѓу тимовите на Рајн Некар Левен и Хамбург на стадионот во Франкфурт кога беа присутни 44.189  гледаќи.

Остатокот од турнирот ќе биде одигран во стандардини сали, но капацитетот ќе биде поголем од 10.000 навивачи што ќе и овозможи на Германија да го урне рекордот и по вкупна посетеност на еден шампионат.

Берлин, Минхен и Мајнхајм се градовите во кој ќе се играат натпреварите од групната фаза , додека главната фаза ќе се игра во Хамбург и Келн.

„Ланксес Арената“ каде редовно се игра фајнл – фор турнирот во Лигата на шампионите ќе биде домаќин на полуфиналето и финалето. Првенството ќе се игра од 10 до 28 јануари 2024 година