Еден мртов, четворица тешко поврдени и 14 спасени станари по експлозија на гас во зграда во рускиот град Јарослав

104

Четиринаесет станари се спасени по експлозијата на гас во станбена зграда во градот Јарослав, североисточно од Москва, јави регионалната служба за итни случаи, пренесе Тасс.

„Четиринаесет станари се спасени од зградата, од кои петмина се спуштени со кран, осуммина беа спасени од противпожарна бригада и еден беше извлечен од урнатините“, соопшти регионалната служба за итни случаи.

По експлозијата на гас и пожарот, зградата се урна од шестиот кат до приземјето.

Според најновиот извештај, едно лице починало, а четири се тешко повредени. Жена и дете се останти под урнатините.

Се верува дека експлозијата била предизвикана од протекување на гас.

Во тек е истрага на несреќата, а отворена е и кривична постапка затоа што „давателот на услугата не ги исполнил неопходните безбедносни барања“.

Извор:МИА