Еден мора да си замине, но кој ќе биде тоа?!

845
epa10288939 FC Barcelona's midfielder Frenkie De Jong (R) celebrates with his teammates after scoring the 2-0 during the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and UD Almeria held at Spotify Camp Nou Stadium in Barcelona, eastern Spain, 05 November 2022. EPA-EFE/TONI ALBIR

Откако изминатото лето пристигна во редовите на каталонскиот гигант Барселона од англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед, Рапфиња води грчевита борба за место во првиот тим против францускиот интернационалец Осман Дембеле.

Бразилецот започна само десет натпревари во актуелната сезона, додека Дембеле доби шанса да биде во почетниот состав на 16 натпревари.

Јасно е како ден дека Французинот е прва опција на шефот на стручниот штаб, Чави Хернандез, кој пак нема никаков проблем и кога го става Рапфиња во почетниот состав иако малку повеќе му верува на Дембеле.

Чави се обиде да ги ротира двајцата фудбалери, ги стави да играат заедно на различна позиција, но тоа не сака да го прави и во вториот дел од актуелната сезона.

Така беше донесена и одлуката дека еден од нив двајца ќе мора да си замине од „Ноу Камп“ за време на летниот преоден рок, но се уште не е познато кој ќе биде тоа.

Шпанските медиуми открија дека двајцата разговарале со Чави и за време на состанокот го информирале дека не сакаат да играат на левата крилна позиција, односно дека сакаат да играат на својата природна позиција, односно на десната страна.

Сега, главно прашање е кој фудбалер Чави сака да го задржи на „Ноу Камп“, но шпанските медиуми се убедени дека тоа ќе биде Дембеле, додека Рапфиња ќе биде принуден да побара нова средина.

Бразилецот на 18 натпревари постигна два погодока и запиша четири асистенции, додека Дембеле на 20 натпревари постигна пет погодоци и додаде седум асистенции.

Ваквата статистика јасно покажува кој е попродуктивен за Барселона, но ништо нема сигурно во фудбалскиот свет.