Едвард, грофот од Весекс, пристигна во Скопје

194
Фото: Британска амбасада во Скопје

Британскиот гроф Едвард од Весекс, најмладиот син на британската кралица Елизабета Втора пристигна попладнево на Меѓународниот аеродром Скопје каде што беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Најмладиот син на кралицата Елизабета Втора, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре ќе присуствува во Националната филхармонија на настанот што треба да ги прикаже врските меѓу Велика Британија и Северна Македонија во образованието, животната средина и уметноста.

На настанот ќе се претстават млади луѓе, кои со поддршка на Обединетото Кралство работат на одржливи решенија за урбанистичко планирање и биодиверзитет, а грофот ќе има можност да се информира за образовните иницијативи поддржани од Британскиот совет.