Егото на Роналдо ја уништи Португалија

149
epa10335283 Cristiano Ronaldo of Portugal scores the 1-0 during the FIFA World Cup 2022 group H soccer match between Portugal and Uruguay at Lusail Stadium in Lusail, Qatar, 28 November 2022. EPA-EFE/Abir Sultan

Аргентина е нов светски шампион, Франција е втора, Хрватска е трета, а репрезентацијата на Мароко е четврта репрезентација во светот. Во Катар видовме многу изненадувања, некои беа очекувани, некои неочекувани, но нема дилема дека фудбалскиот свет очекуваше многу повеќе од селекцијата на Португалија која доживеа елиминација во 1/4 финалната рунда.

Легендарниот репрезентативец на Германија, Лотар Матеус, вината за елиминацијата на Португалија ја лоцираше кај најголемата ѕвезда во „црвено-зелениот“ дрес, Кристијано Роналдо.

  • Роналдо со своето его самиот се уништи и ја уништи репрезентацијата на Португалија. Тој е најголемиот виновник за постигнатиот резултат во Катар. Нема дилема дека Роналдо е еден од најдобрите играчи во фудбалската историја и дека станува збор за фантастичен голгетер, но понекогаш мора да се соочи со реалноста дека за него нема место во почетниот состав, изјави Матеус.

Најдобриот светски фудбалер во 1990 година додаде дека сепак му е многу жал за Роналдо, но славниот Португалец мора да ја преземе вината на себе.

  • На крајот, малку ми е жал за Роналдо, затоа што тој никогаш не се сфесен за своето однесување и за егото кое може да го уништи целиот тим, додаде Матеус.

За разлика од Матеус, сестрата на Роналдо, Катиа Авеиро, и понатаму стои на ставот дека нејзиниот брат не е виновен за лошиот резултат на Португалците.

  • Ова беше најлош Светско првенство во фудбалската историја. Сепак, за среќа, бевме сведоци на прекрасно финале. Каков натпревар. Честитки за Аргентина, напиша Катиа.

Иако и лутиот ривал на Роналдо, Лионел Меси беше на сликата која ја постира на Инстаграм, Катиа не го спомна Аргентинецот, само го истакна Килијан Мбапе.

-Нереален е. Го чека фантастична иднина. Неверојатно, напиша сестрата на Роналдо.