Египет денеска за прв пат од 1965 година, ги отвори за посетители двете стари пирамиди, кои се наоѓаат на 40 километри јужно од главниот град Каиро.

„Археолозите во областа со кралските гробници Дашур откриле колекција на камени, глинени и дрвени сафкофази, а во некои од нив има и мумии“, истакнал министерот за антиквитети на Египет, Калед ел Анани.

Според Анани, археолозите исто така пронашле и дрвени погребни маски, заедно со инструменти кои се користеле за обработка на камења, кои датираат од периодот од 664 до 332 пред новата ера.

Во областа Дашур се наоѓаат некои од најстарите пирамиди. Државата се надева дека овие откритија ќе го поттикнат туризмот кој опадна по бунтот во 2011 година.