Нема крја на неизвесноста околу одржувањето на Европското првенство за жени, на почетокот на декември годинава. Откако Норвршка се изјасни дрка не може да го организира својот дел од турнирот, данската ракометна федерација беше подготвена самата да го организира целиот шампионта, но се уште нема добиено зелено светло од државата.

Според зборивите на првиот човек на данскиот ракомет Пер Бертелсен, минатиот понеделник стигнале шокантни вести во федерацијата дека Данска нема да може да ја преземе целата организација, поточно втората половина од натпреварувањето кое беше планирано да се одржи во Хернинг и Колдинг.

Ваквиот исхо на настаните доведе до голем проблем, поточно на две недели до стартот на шампионатот се уште да не се знае дали тој воопшто ќе се одржи. Бертелсен тврди дека постојат сите услови, освен политичка поддршка за организирање на шампионатот.

-Се најдовме во ситуација во каква што не ни можевме да сонуваме. Од Владата ни беше кажано дека не можеме да го организираме цело првенство заради актуелните мерки. Бевме шокирани, изјави Бертелсен.

Од друга страна, министерот за култура и спорт Џој Могесен, истакан дека се уште се работи на пронаоѓање решение.

-Владате е во позиција да направи се што може само првенството да се одржи. Но, претходно мора да најдеме заеднички јазик и заедничко решение со министерството за здравство, поточно да се се загрози здравствениот систем, изјави Могесен.